мај 16, 2021

ПОИНАКВО ВИДЕО ЗА НАВАЛНИ

Пред некое време го објавивме возбудливото видео на кое најпознатиот руски дисидент Алексеј Навални (тазе осуден на 2,5 години затвор) успева да добие на телефон еден од оние за кои тврди дека го труеле со намера да го убијат. Ама, видеа имаат и овие од ФСБ, наследниците на КГБ.

Видеото кое го објави РТ е снимено некаде во 2012 година се приложува како доказ дека блискиот соработник на Навални, Владимир Ашурков, од шпион вработен во британската амбасада во Москва бара разузнавачка помош и „нешто“ кеш. Ашурков, инаку, ја води антикорупциската служба на Навални.

„Ако имавме пари, се разбира дека ќе го проширевме нашиот тим“, вели Ашурков додавајќи дека негова цел е да дојде до „нешто пари“ и дека, на пример „10, 20 милиони долари годишно“ ќе направат битна разлика. „Тоа воопшто не се големи пари за луѓе кои имаат милијарди да изгубат,“ вели Ашурков на кафе муабет со Џејмс Вилијамс Томас Форд, тогаш втор секретар за политички прашања на амбасадата, кого руските служби го идентификуваат како агент на МИ6.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •