јуни 22, 2021

Кривични пријави за 14 лица учесници во протестите за „Монструм“

14 лица од последниот протест за случајот „Монструм“ ќе добијат кривични пријави, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој истакна дека за 14 лица ќе има кривични, поради тоа што уништувале државен имот, приватни објекти и возила на полицијата, како и за напади на службени лица.

„Демократско право е протестот, но непочитувањето на законските прописи мора да бидат санкционирани. Во единицата за насилен криминал беа идентификувани и вчера повикани 14 лица на разговор, и ќе им бидат поднесени пријави“, рече Спасовски.

Еден од повиканите било малолетно лице, кое било придружувано од родители.

На протестот за „Монструм“ учествуваа неколку стотици лица, кои бараа ослободување на обвинетите, кои според нив, не се виновни за случајот. Протестот беше организиран откако Обвинителството побара доживотен затвор за дел од обвинитетите за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •