март 3, 2021

(Видео) Милошоски: Димитров ја избриша придавката „македонски“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, на собраниска седница за интерпелација на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров рече дека тој ја избришал придавката „македонски“.

-Мешовитата историска Комисија помеѓу Македонија и Бугарија постигнала технички напредок во однос на користењето на термините согласно Законот и Уставот во Република Македонија. Што значи тоа? Тоа значи дека после подолго време и спорење на морална претпоставувам лична и историска основа и кредибилитет на членовите на историската Комисија, на крајот истите беа принудени да се откажат од терминот македонска историска Комисија, токму заради тоа што господинот Никола Димитров им го овозможи тоа на сите страни кои што тоа ќе го побараат, не само на бугарската, преку уставниот Закон за спроведување на амандманите, усвоен на 11 јануари 2019-тата година – рече Милошоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •