јуни 22, 2021

Борисов: Се надевам дека догодина ќе го празнуваме Гоце Делчев заедно со нашите браќа од Македонија

Зоран Заев Бојко Борисов

Се надеваме дека заедно со нашите браќа од Република Македонија, следната година ќе ја прославиме 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод годишнината од раѓањето на големиот револуционер.

-Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев – војвода, активист на македонско-одринското револуционерно ослободително движење, меѓу нашите најистакнати заеднички историски херои. Се надевам дека имаме мудрост следната година, заедно со нашите пријатели и браќа од Република Македонија, да го прославиме неговиот 150-годишен јубилеј, обединети и заедно на патот на европската интеграција, рече Борисов.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •