март 4, 2021

Џеф Безос го напушта шефовското место во Амазон

Kaj интернет гигантот Амазон претстои смената на врвот : Џеф Безос, кој го основаше концернот пред околу 27 години, планира да ја напушти функцијата извршен директор. Но, тој не размислува за пензија.

Џеф Безоз веќе нема да биде извршен директор на Амазон. Тој по речиси 30 години ќе ја напушти оваа највисока позиција во компанијата која ја основаше, а на неговата позиција ќе дојде Енди Џеси, досегашен директор на Амазон Веб Сервисот.

Безос со 196 милијарди долари до неодамна беше најбогатиот човек во светот, но на оваа позиција на почетокот на месецот го престигна Елон Маск, директор на фирмите Тесла и СпејсХ.

Најавата за промена на позицијата догаѓа откако компанијата пријави трет по ред рекорден профит, но и тримесечна продажба од над 100 милијарди долари за првпат. Неговиот наследник Енди Џеси се придружи на Амазон во 1997 година.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •