мај 16, 2021

Насер Рауфи во завршните зборови за „Монструм“: Кој им кажа на жителите на Радишани и Црешево да дојдат на протест?

Насер Рауфи, бранител на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сами Љута во случајот „Монструм“ во изнесувањето на завршниот збор на одбраната праша како жителите на Радишани и Црешево експресно дознале и дошле на протест веднаш по петкратното убиство на Смилковското езеро.

– Какви сознанија имало месното население од Радишани и Црешево дека припадници од албанските етникум го извршиле убиството, за да дојдат да протестираат. Одговорот е јасен? Постоело однапред смислено сценарио за да бидат таргетирани албанските извршители. Тоа било подгреано со непрофесионални известувања од разни портали кои ја подржаа оваа хајка, рече Рауфи.

Прелиминарните зборови за петкратното убиство во Смилковското езеро претходно даде обвинителката Фатиме Фетаи, што беше причина за протест против неа на 29 јануари. Во завршните зборови, Фетаи рече дека Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ ги извршиле убиствата, додека Хаки Азири е обвинет дека им помагал, но без да знае дека тие ги извршиле убиствата. Што се однесува до Фејзи Азири, обвинителството го обвинува за кривично дело помагање на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ во бегство. За обвинетиот Сами Љута, Фетаи рече дека обвинението е повлечено затоа што нема докази.

Случајот „Монструм“ го коментираше и главниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Тој изјави дека повторното судење на случајот се заснова на цврсти докази и дека случајот не е наместен. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •