март 8, 2021

Tesla ќе добие субвенции од милијарда евра за изградбата на фабриката во Берлин

Производителот на електрични возила Tesla ќе добие милијарда евра во субвенции од германскиот буџет за изградба на постројка за батерии во близина на Берлин, објави денес „Бизнис инсајдер“.

Субвенциите, дел од државната поддршка за единаесет компании чии активности се поврзани со автомобилски батерии во рамките на таканаречениот важен проект од заеднички европски интерес, ќе ги исплати федералната влада и регионалната држава Бранденбург, пренесе Ројтерс, цитирајќи го Бизнис инсајдер, повикувајќи се на извори од германската влада.

Елон Маск, шефот на Tesla, во ноември минатата година го објави планот за изградба на фабрика што ќе започне со производство на 1 јули 2021 година, со годишно производство од 500.000 автомобили.

Случајот Tesla предизвика големи полемики меѓу заштитниците на животната средина и двете партии ЦДУ и ФДП, кои стравуваат дека целата работа може да го наруши имиџот на Германија како земја посакувана за деловни активности.

Tesla доби дозвола од германското Министерство за животна средина да започне со работа на локацијата, но „на свој ризик“. Планот на американската компанија беше да расчисти 300 хектари земја на која се шират 92 хектари шума, но конечното одобрување го даваат локалните власти, кои ги прифатија приговорите на еколошките здруженија.

Tesla има две гигафабрики во САД и една во Шангај, Кина.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •