мај 16, 2021

Џолев: Судот работи ажурно, минатата година беа решени над 44.000 предмети

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, денеска одржа редовен брифинг со претставниците на медиумите и невладините организации на повеќе теми и сите отворени прашања поврзани со работата на Кривичниот суд.

Меѓу другото беа објавени последните статистички податоци за работата на судиите во Кривичниот суд, па така 2020 та година Кривичниот суд ја започнал со:

20.380 предмети од претходната година,

43.080 ново примени предмети,

Или вкупно 63.460 предмети во работа, од нив,

Решени се 44.040 предмети, а

Останале 19.420 предмети во работа.

Од старите предмети ( постари од 2 години ) :

Вкупно во работа имало 3.013 предмети,

Решени се 2.009 предмети, а

Останале 1.004 нерешени предмети.

-Со тоа Основниот кривичен суд Скопје го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети што е показател на ажурноста на судот, вели претседателот Џолев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •