мај 15, 2021

УНЕСКО алармира за испуштањето вода во Дрим (видео)

Ако до пред три недели од испустот на вода кај Струга се испуштаа само околу 2 кубни метри вода во секунда, сега истекуваат 19. Светската организација за штита на природните и културни реткости, УНЕСКО, во последниот извештај посочи дека е потребна контрола на степенот на искористување на водата од Охридското езеро за производство на струја.

„Хидрологијата на езерото е погодена од неконтролирани испуштања на езерска вода во реката Црни Дрим и со климатските промени, со продолжени суви периоди без обилни дождови, намалувајќи го нивото на водата“, се наведува во извештајот од УНЕСКО.- Advertisement –

Но, од Електрани на Македонија велат дека причината за отворање на речиси сите порти на истекот е поради поволните хидролошки услови, па сега било вистинско време да се наполни акумулацијата Глобочица.

„АД ЕСМ има Водостопанска дозвола за користење на вода од Охридското Езеро за производство на електрична енергија, со почитување на одредбите кои се наведени во истата…“, велат од ЕСМ.

Но, со ова не се помируваат еколозите. Според нив, вредностите мора да се коригираат.

„…Треба да има корекција во тие коти, со оглед на новите сознанија и новите случувања кои ги имаме со климатските промени“, рече Борис Стојаноски-еколошко друштво Грашница Охрид.

„..Државата треба да си преземе одговорност испуштањето на Охридското езеро да си го регулира со мерни инструменти и со посоодветна техника за испуштање“, додава Борис Џајкоски-екологист.

Договорот меѓу Македонија и Албанија со кого се регулираат котите на езерото и испустот на вода во Дрим е стар. Тој е потпишан во 1957 година, но тогашните економски и еколошки прилики не се соодветни со денешните, велат еколозите, кои се резултат и на климатските промени.

Извор: Тв Алсат

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •