март 4, 2021

Сакал да троши над одобреното: Ристовски разрешен, Нора Шаќири нов директор на Театар Комедија

Сашо Ристовски досегашен директор на НУ Театар Комедија е разрешен од функцијата, а до избор на нов директор за вршител на должноста е назначена Нора Шаќири, вработена во театарот. Денеска Министерството за култура соопшти дека вонреден инспекциски надзор утврдил неправилности во работењето на Ристовски. 

„При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од  Министерството за култура  во вкупен износ  од  8.734 486  денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура”, се вели во соопштението.

Шаќири ќе ја врши функцијата директор од денеска, назначена е за институцијата непречено да функционира. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •