мај 16, 2021

ПЕНДАРОВСКИ ЗА ТВ 24: НЕБУЛОЗА Е ДЕКА НЕКОЈ МОЖЕ ДА НАМЕСТИ ПРОЦЕНТ НА ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА НА ПОПИСОТ (ВИДЕО)

Претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 Отворено рече дека законот за попис не е нешто невидено во Европа, дури и тој фамозен двоен потпис за кој има логика според Рамковниот договор.

Според него небуолоза е дека некој може да „штелува“ процент како што беше пренесувано но медиумите, и со пописот од куќа во куќа полесно ќе се наштелува.

„Нашите датотеки ноторно се несигурни и не се пополнети со децении. Ако направиле саглам попис со новите технологии, можеме со мала политичка волја да ги исчистиме дури и за локалните избори, гласачките листови.“ – рече Пендаровски.

Пендаровски рече дека методологијата ќе биде дадена на увид на сите и тука може да се имплементираат конструктивни предлози. Имаше неколку решенија, рече Пендаровски кои нему му се чинеа издржани во однос на законот за попис предложен од опозицијата и неприфатени од власта, рече Пендаровски.

„Имаме жестока политичка полазризација 30 години. Кај нас дојде време да се сретнаат парртиите на власт и опозицијата и да се скараат. Ти мораш да разговараш и со оние кои не те гласале. Одговорноста во овој случај треба да биде кај власта и да подава рака на опозицијата. Со ова се обидувам да направам мост меѓу двете политички опции. Тврдам дека политичката поларизација ја уназадува нашата држава повеќе од се друго. Проблем ли е да ги повикаш твоите да не прават бојкот или пописот да биде во мај или јуни. Да си подадеме рака. Не гледам причина зошто пописот да не се одложи за месец или два. Сосема легитимни се барањата од аспект на здравството. Ако сме чекале 20 години, нема да е грев да биде во мај или јуни, но да го направиме за да нема воопшто страв кај граѓаните поради ковидот,“ – рече Пендаровски.

Тој смета дека најголема штета од пописот ќе имаат оние кои повикуваат на него, бидејќи се залагаат за една етничка заедница.

„Сметам дека од повикот на бојкот ќе има штета онаа етничка заедница за која се залагаш, а можно е на крај на пописот некои политички субјекти  да кажат дека не ги признаваат резултатите, тоа е легитмно. Со бојкотот ќе се направи голема политичка штета, нема да добиеш ништо, туку ќе изгубиш.“ – потенцираше Пендаровски.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •