март 4, 2021

МЗ: Првите вакцини преку КОВАКС ќе бидат од Астра Зенека и ќе дојдат во март

Вакцина

Првите дози вакцини против ковид-19 преку КОВАКС системот ќе бидат од компанијата Астра Зенека и ќе дојдат во Македонија во текот на месецмарт, информираше Министерството за здравство по дописот што го добиле од КОВАКС механизмот.. 

Во март ќе пристигнат првите вакцини од Астра Зенека во Македонија – Министерството за здравство било известено од Ковакс системот дека во земјава во првата фаза ќе бидат испратени помеѓу 35 до 60 илјади дози од британската вакцина. Од министерството велат дека подготовките за прием, складирање и дистрибуција на вакцините се завршени.

,,За Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Министерството за здравство, потенцира дека системот е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини од други производители и преку други механизми. – соопштија од ресорното министерство.

Според најавениот план за имунизација на населението, вакцинацијата ќе се спроведе во три фази. Приоритет ќе имаат здравствените работници, а потоа повозрасните лица кои се сметаат за ризична категорија.

Според досегашните истражувања и искуства во пракса, вакцините кои се употребуваат ширум светот се безбедни и ефикасни, а потврда за тоа денеска стигна и за руската Спутник 5, чија анализа покажала ефикасност од околу 92 процента. Од Министерството за здравство за Канал 5 велат дека засега велат дека не размислуваат за набавка на руската вакцина.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •