февруари 28, 2021

Македонското здружение на млади правници со тужба за непреземање мерки за справување со струшката депонија

 Македонското здружение на млади правници поднесе тужба против Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и јавното претпријатие „Комунално” поради непреземање мерки за справување со дивата депонија во градот.

Здружението бара Основниот суд Струга, како што е наведено во информацијата, да утврди дека тужените го повредиле правотo на здрава животна средина, правото на живот, правото на почитување на приватниот и семејниот живот, на начин што во периодот од 2006 година до 2021 година не презеле соодветни мерки и активности за спречување, превенирање или намалување на штетните последици по човечкиот живот и здравје предизвикани од загадувањето на животната средина од, како што посочуваат, дивата депонија.

Со тужбата Македонското здружение на млади правници бара Основниот суд Струга да ги задолжи тужените да забранат понатамошно депонирање на каков било отпад на дивата депонија, да извршат деконтаминација и рекултиривање на просторот во и околу депонијата и да се изготви и реализира софистициран план за селектирање и рециклирање на отпадот на територијата на Општина Струга, како и да се зајакне капацитетот на инспекциските служби од областа на заштита на животната средина.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •