мај 16, 2021

Левица: Очекувано, Владата не се согласува со предлог-декларацијата за осуда на национал-шовинизмот од страна на Бугарија

Очекувано, Владата не се согласува со предлог-декларацијата за осуда на национал-шовинизмот од страна на Бугарија, која нашите пратеници, Димитар Апасиев и Борислав Крмов ја предложија во Собранието на Република Македонија уште пред три месеци. Како изговор се користат лажно со некакви „добрососедски односи“, иако изјавите и постапките од официјална Софија, не се воопшто во таа насока.

Сепак, ова е само мислење на Владата, а декларацијата е предмет на гласање во Собранието и истата Талат Џафери МОРА да ја стави на дневен ред. Очекуваме оваа декларација да се најде на дневен ред веднаш по интерпелацијата на Никола Димитров!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •