мај 16, 2021

И Коце Трајановски се луксузирал како Шилегов: Во 2013 нарачувал 12 години одлежан „Чивас“ од 0.7 литри за 2079 денари!

Поранешниот градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Коце Трајановски во 2013 година нарачувал 12 години одлежано виски, меѓу другите и „Чивас“ од 0.7 литри за 2.079 денари!

Покрај обичните Џони Вокер (за 1.416 денари) и Џек Даниелс (за 1.978 денари), Трајановски потпишал и набавка на омиленото вискина Тито – „Чивас“ одлежано 12 години.

Вредноста на договорот склучен од поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски во 2013-та година (два милиона и двесте илјади денари) е за околу 880 илјади денари поголема од вредноста на договорот склучен во 2021 од сегашниот градоначалник Петре Шилегов со истиот добавувач (околу еден милион триста и дваесет илјади).

За разлика од луксузирањето на Коце Трајановски со набавка на 12 годишен виски и скапи коњаци, во договорите за набавка потпишани од Петре Шилегов во 2018 и 2020 година не е предвидено набавување на луксузни алкохолни пијалоци, туку храна за потребите на градските служби.
Уште еден куриозитет е што Коце Трајановски набавувал литар кравјо млеко во 2013 година за 57.50 денари, а градоначалникот Петре Шилегов набавувал литар кравјо млеко во 2018 година за 49.98 денари.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •