март 3, 2021

Ивановска од ДКСК: Очигледна е вината на Беџети за платформите на Матка

Во ризиците од корупција кои ги подготвуваме водечко беше влијанието политика, потоа владеење на право односно невладеење на правото во однос на неказнивоста, интегритетот, донесување на закони, постапки. Тие се спомнуваат и во овој извештај на Транспаресни и тоа втора година по ред доаѓа до израз влијанието на политиката врз бизнисот, а тие препораки ги кажува и Греко, вели првата антикорупционерка Билјана Ивановска.

-Истото тоа ни го кажува и Европската Комисија и тоа ние секако  го ставаме на страна. Тие се состојбите во државата и оние работи кои сме ги дефинирале во националната стратегија како активности потребни за надминување на овие состојби час поскоро да се извршат – рече Ивановска на Телма.

Таа посочи дека Јавното обвинителство го отфрлило предметот за „Матка“ и иницијативата за ректорот на УКИМ. Според неа, за случајот со платформите на Матка очигледно е дека тамошниот градоначалник Блерим Беџети им овозможил на лицата-сопственици на платформите да остваруваат материјална корист.

-За ЈО тоа не е злоупотреба. Во случајот со ректорот, во тој одговор од ЈО, ги прочитавме истите зборови кои што ги слушнавме во нашата институција. Дали еден човек кој што треба да биде пример или и тој треба да работи по лоши примери од претходно. Се чувствува некакво влијание – рече Ивановска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •