февруари 27, 2021

Охриѓанец фатен со 700 кг. суви сливи

Синоќа во 21 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Сеат Алхамбра“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.С.(46) од Охрид. При преглед во возилото, пронајдени и одземени се 140 кутии со прехрамбени производи во вкупна количина од 700 килограми, без соодветна докуметација.
– По консултација со јавен обвинител, возачот и едно малолетно лице- сопатник во автомобилот, се приведени, а информирани се овластени лица од Државниот пазарен инспекторат и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •