мај 16, 2021

И шефот на кабинетот на Груби меѓу „уловените“ кои не плаќале патарини

Перпарим Бајрами, шеф на кабинет на вицепремиерот Артан Груби, бил фатен како ја поминува патарината кај Миладиновци без да плати, со нелегално поставени флешери, дознава „А1он“.  Според извори на медиумот  тој бил затекнат вчера и е еден од 32 лица за кои МВР објави дека биле санкционирани поради злоупотреби при наплата на патарината. Полицајците го фатиле при спроведување на акциска контрола на МВР.

Неофицијално, Бајрами бил со службено возило на кои биле поставени флешерите. Автомобилот бил сопственост на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Незаконското поставување флешери се казнува прекршочно.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •