јуни 21, 2021

Игор Спасов, осудениот за убиството на Мартин Нешкоски, уапсен во Софија

Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски, денеска е уапсен во Софија. Од МВР велат дека бугарската полиција ги известила дека тој денеска е приведен, по претходно распишана меѓународна потерница од македонските власти.

Спасов е поранешен специјалец од МВР, кој беше осуден за убиството на младиот Нешкоски за време на прославата во Скопје за изборната победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори на 5 јуни 2011 година.

Тој беше осуден на 14 години затвор, а по него се трага од октомври 2019, откако претходно одлежа околу половина од затворската казна. Дека Спасов е во бегство официјално беше потврдено кон крајот на октомври 2019 кога не се врати во затворот „Идризово“ на доизвршување на казната. Тој беше пуштен од затворот поради здравствени причини и потребата од операции.

„Појаснуваме дека одлуките донесени од страна на судот во оваа постапка се донесени по претходно прибавено мислење од страна на ОЈО, како и врз основа на соодветна медицинска документација во оригинал издадена од стручни медицински лица, искази на вешти лица од областа на медицината и известување од установата каде осудениот издржувал казна затвор дека таков вид на лекување и медицински третман не се пружа во таа установа“,

објаснуваа тогаш од од Основниот суд во Штип за пуштањето од затвор.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •