март 4, 2021

Бродот со име Струма

Струмичанец кој повеќе љубел да биде Бугарин му го продал бродот на Грк – за на крај да потоне бродот

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Методија Анѓелкоски

Години наназад се прашуваме, има ли бродот Македонија капетан, или во најмала рака, дали капетанот има специфично психолошко нарушување на двојна личност. Во историјата има еден мошне познат брод, чие последно име е насловот „Струма“. 

Што е интересно за овој брод? Па – неговото претходно име е – Македонија! За волја на вистината, овој брод носел многу други имиња: бил изграден како „Ксанта“, па станал „Солист“, го промениле името во „морската невеста“, па Кафиреус, па Македонија и конечно, на крај – Струма. 

Читателот веројатно ќе погоди дека основна причина за менување на имињата била промената на сопственоста. И за нас, како Македонци, не се интересни претходните сопственици. Имено, кога извесен Димитар Кенков, Македонец – но заради времето во кое го купил ги прифаќал тезите дека е Бугарин, го купил бродот, му го дал името „Македонија“. На Димитар, работите не му оделе, па решил да го продаде бродот на грчкиот бродоградител и бродски агент Јоанис Панделис. 

Гркот Јоанис, не сакал никако да го задржи името Македонија, па го променил името на бродот во Струма, според местото на раѓање на Кенков – Струмица, а потоа го регистрирал некаде во Панама, иако работел во средоземното море. По преименувањето на бродот, бродот продолжил со активна служба и доживеал катастрофа. Имено, советската подморница СШ-213 го потопил бродот со торпедо убивајќи ги сите на бродот, освен еден. 

Да резимираме. Струмичанец кој повеќе љубел да биде Бугарин му го продал бродот на Грк – за на крај да потоне бродот.  Секоја сличност со современите политички настани е намерна.

Автор: Методија Анѓелкоски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •