мај 16, 2021

Имате право да не го дозволите тоа

Полека да стануваме свесни дека сме соочени со злосторничка мрежа од разни невладини организации кои имаат свои агенти во врвовите на власта, кои се дел од неа. Тие не штедат ниту пари ниту други ресурси не само да не обезличат како народ, туку и да влезат во нашите домови. Наместо нас, тие да ги воспитуваат и насочуваат нашите деца. Да им кажуваат што е прифатливо, а што не, што е полезно, а што штетно..


Наредниве месеци ќе бидат страшно озабени и агресивни да ги остварат своите намери, зашто знаат дека имаат грб од оваа власт и знаат дека следните избори таа власт ќе доживее дебакл.
Оттука секој напад кон нив во месеците пред нас ќе биде дочекуван со хистерични испади дека сме лудаци, теоретичари на заговор, ќе ни се потсмеваат преку нивните медиуми, ќе бегаат од медиумско соочување со нас, поточно ќе бидеме забранети да се појавиме на нивните телевизии, и што е најважно, нивните проекти ќе ги маскираат во обланди и игри на зборови со цел да ве прелажат да ги прифатите.
Имате право да се борите против нив, добро е што тие планови се обидуваат да ги спроведат секаде на Балканот и пошироко, затоа и нема да бидете осамени во таа борба.


Но за почеток, мора да ги отвориме очите сите.
Истите тие луѓе кои ги поддржуваат овие организации, ја фрлија државата на колена, го избришаа името и АСНОМ од уставот. На ред се јазикот и историјата кои ќе ги избришат преку реформите во образованието и најпосле ќе го уништат и јавниот морал преку тотална сексуализација на децата дури и под десетгодишна возраст, такашто училиштата ќе станат огласувачки места за промоција на педофилија и други сексуални и родови дезориентации.


Имате право да не го дозволите тоа.

Автор: Сашо Тасевски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •