март 5, 2021

Во Солун запленет кокаин вреден 100 милиони евра, уапсени три лица

Грчката полиција денес соопшти дека во Солун се запленети 324 килограми чист кокаин и уапсени се тројца осомничени.

Во соопштението стои дека осомничените планирале да го разблажат кокаинот и да го продаваат во Грција и странство, што според пресметките би им донело околу 100 милиони евра.

Во Солун, кога во петок се сретнале за да се договорат околу продажбата на кокаинот, се уапсени еден државјанин на Албанија (37), државјанин на Хрватска (36) и еден грчки државјанин (35), роден во Албанија.

Тие уште денес ќе се најдат пред истражен судија.

Полицијата во соработка со Агенцијата за борба против дрога во Атина, запленила комбе во кое се наоѓале повеќето од 260 пакетчиња дрога и го претресла станот кој го изнајмил државјанинот на Хрватска, пренесе „N1“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •