март 5, 2021

(Видео) Навивачите на Марсеј го запалија тренинг центарот на клубот

Незадоволни од резултатите што оваа сезона ги постигнува Олимпик Марсеј, навивачите го запалија тренинг центарот на клубот.

Според француските медиуми, дел од навивачите упаднале во тренинг центарот и почнале да го демолираат. Полицијата веќе привела 25 лица.

Фановите, освен што се незадоволни од резултатите, бараат и оставка од претседателот на Марсеј, Жак-Анри Ејро.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •