мај 16, 2021

Бројките го демантираат Богоев – и тоа како ѝ се погоди на урбаната мафија

Во исчекување на податоците за 2020 година, Општина Карпош е втората општина во Македонија според бројот на завршени станови во 2019 година. На територијата на Општина Карпош изградени се 1.038 станови што е за 216 повеќе во однос на претходната, 2018 година. Во однос на базичната, 2014 година, забележан е четирикратен пораст на изградбата на станови.

Трендот на пораст кој започна во 2016 година е вистински доказ за штетните политики на Стефан Богоев и неговиот претходник, благодарение на кои Општина Карпош прерасна во вистинска бетонска џунгла.

Бетонизација #Карпош

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •