јуни 22, 2021

Ѓубре и смет насекаде, најурбаната општина претворена во голема депонија

Општина Аеродром во 2020 година потроши речиси 44 милиони денари, односно повеќе од 700.000 евра за чистење и набавка на машини за чистење, а општината тоне во ѓубре. Согласно електронскиот систем за јавни набавки, општина Аеродром во 2020 година тендерирала 43.837.313,00 денари за чистење на смет од јавни зелени, пешачки и коловозни површини, отпад (диви депонии и др.отпад) и набавила специјални машини метлачки за истите потреби.

Иако се потрошени толку средства, општина Аеродром тоне во ѓубре, изобилува со диви депонии, повеќе од јасно и видливо е дека речиси и нема чисти зелени површини.

Објавените фотографии сведочат за состојбата во која се наоѓа општина Аеродром.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •