Стоилов: Најверојатно за Албанците важат други закони, а и не е првпат!!!

Познатиот ракометар Стојанче Стоилов на Фејсбук го коментира протестот за „Монструм“ кој вчера се одржа во главниот град, и вели дека во државата има двојни аршини, едни за Македонците, а други за Албанците.
Како пример ги наведе фрлањето по крстот во Охрид за Водици и карневалот во Вевчани каде имаше санкционирани граѓани.
„Охрид санкционирани дечките што скокале по крстот, Вевчани за карневалот специјалци насилно ги разби луѓето… поради короната. А ова се случува во главниот град Скопје за време на корона… епа најверојатно за Албанците важат други закони. Друго нема, а и не е првпат!!! Ало Влада на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи има некој?!!!“, пишува Стоилов.

Сподели