мај 18, 2021

Како да се зголеми довербата во пописот

Роберт Милески

Доколку пописот се спроведе онака како што на Алфа Телевизија објасни директорот на Заводот за статистика, тогаш не постои сомнеж дека пописот ќе биде валиден.

Важна улога треба да ја има опозицијата како гарантор на таа валидност. Таа може на пример да предложи собраните податоци да бидат дополнително проверени од од нив предложени експерти. Тоа би значело повторна проверка на секого низ различните бази на податоци, но за ова мора да се осмисли стриктен протокол на валидност. Проверката не би требало да трае повеќе од 2-3 дена.

Овој тим од експерти своите активности треба да ги изведе во три фази:

  1. Претпописна фаза
  2. Пописна фаза
  3. Постпописна фаза

Во претпописната фаза треба да се изврши комплетен аудит на хардверот и софтверот што ќе се користи. Треба да се провери целосниот сорс код, да се види дали се поставени сигурносни механизми, дали повиците кон користените бази содржат лог за тоа кој апарат, за кого, во колку часот побарал проверка и кој бил одговорот. Дали е гарантирано неманипулирање на податоците и слично. Како е заштитен самиот хардвер од манипулации од попишувачите? Што се случува доколку апаратот во одреден момент нема интернет конекција, и слично..

Во пописната фаза се врши од една страна теренска проверка на тимовите попишувачи, од друга страна мониторинг на софтверот во реално време.

Во постпописната фаза се проверуваат логовите на сите бази, и се врши комплетна cross-over операција на сите внесени податоци за лица.

За овие фази е потребно време. Затоа, што побрзо се случи прифаќањето на ваков аудит тим, тоа подобро.

Бенефит од ова е што и опозицијата ќе ги има крајните бројки и никој нема да може да ги сокрие или штелува.

Важно е во предвид да се земат и базите на податоци од компании како Водовод, ЕВН, мобилните оператори. Со нив може да се провери дали на адресата на која се тврди дека некој живее се троши електрична енергија и вода. Од друга страна, во становите и куќите каде што се троши струја и вода, тогаш некој мора да живее.

Автор: Роберт Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •