мај 16, 2021

Зошто во Вевчани не може маскенбал, а во Скопје може протести со повеќе лица, без маски и дистанца?

Вчерашниот тензичен протест на роднините на обвинетите во случајот „Монструм“, во кој беа превртени контејнери, се фрлаше со камења кон полициските возила, кон новинарските екипи и се скандираше „УЧК, УЧК“-не беше скандалозен и опасен само заради споменатото. Скопјани реагираа и поради фактот дека беше дозволено мнозинството од оние кои протестираа да не носат маски ниту држеа растојание, заради спречување на ширење на корона-вирусот.

-Ако во Вевчани се казнуваше, се приведуваше, полицијата постапи како што мислеше дека треба заради непочитување на протоколите, зошто вчера не се растури протестот?

-Има ли полицијата двојни аршини: во Вевчани не може маскенбал, а во Скопје може протести и тоа со многу повеќе луѓе, без маски и дистанца?

-Кого убедувате дека работите принципиелно и еднакво за сите без разлика на етничката припадност, или каква и да е друга припадност! Да беше така вчера „ќе кркаа“ казни протестантите за „Монструм“ како и оние во Вевчани!-се само дел од коментарите на скопјани на социјалните мрежи и на електронската пошта на „Скопско ехо“.

И денеска полицијата не е доцна да реагира и казнува, но дали ќе го направи тоа?

Инаку, вчерашниот протест се организираше откако обвинителката Фатиме Фетаи побара доживотен затвор за сите осомничени, после повторното судење, освен за еден од претходно осудените.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •