јуни 22, 2021

ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ ВО ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА ПОРАДИ КОВИД ПАНДЕМИЈАТА

Чешка одлучи да забрани влез во државата за странци. Франција, пак  ги затвора границите за патници кои не се од ЕУ.

Откако почна повторно да се зголемува бројот на новозаразени во Чешка, забраната за влез е дел од низата строги мерки со кои се  заоструваат актуелните. Влез во Франција од земји надвор од блокот на ЕУ ќе биде дозволен само во случај на крајна потреба, а забраната за патување е обид да се ограничи ширењето на новите мутации на коронавирусот и да се спречи воведување нови рестрикции во државата. 

По растот на бројот на новозаболени и ширењето на новите видови на коронавирусот – ЗА построг локдаун размислуваат и другите европски земји. 

Во меѓувреме продолжува борбата за вакцини против Ковид 19. Европската Унија го ограничува извоз на вакцни за Северна Ирска, заобиколувајќи делови на протоколот од договорот за брегзит. Ваквиот потег на Унијата за Северна Ирска е „неверојатен чин на непријателство“ – реакција по одлуката на ЕУ имаше и од британскиот премиер Борис Џонсон, кој  изрази сериозна загриженост поради обидот на Брисел. 

Откако и  АстраЗенека и Фајзер/БиоНТех најавија привремено намалување на испораките на нивните вакцини во земјите на ЕУ – денеска најава за  намалување на испораките на вакцини против Ковид-19 вон САД стигна и од фармацевтската компанија Модерна.  

Во изјавата, Модерна вели дека го зголемува производствениот капацитет, но се уште е во процес на обезбедување на набавките закажани за следните три месеци и исполнување на своите договорни обврски.

Светската здравствена организација ги смени препораките за вакцинација против Ковид-19 и со новите правила, експертите велат дека бремените жени исто така можат да се имунизираат, се додека не се од групи со висок ризик.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •