мај 16, 2021

Славески: СДСМ и Заев се причината поради која сме најкорумпирана држава во Европа

Славески смета дека државава многу лошо менаџира со корупцијата иако има министер задолжен за тоа.

Земјава не доби вицепремиер  за борба против корупцијата, туку за менаџирање на корупциските скандали кои ќе избијат на површина, со цел да се намали штетата за режимот, изјави денеска Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги последните резултати од извештајот на Транспаренси  интернешнл за корупција  во кој земјава е  рангирана на 111 место.

Славески како апсурдна ја оцени изјавата на вицепремиерот Љупчо Николовски во која тој вината ја бара во претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во првите четири години по смената на власта во 2006 година, владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја подобри позицијата на Македонија за цели 38 места – од срамното тогаш 105 место, наследено од СДСМ, земјата во 2010 година се најде на историски најниското 67 место на листата на Transparency International, што значи историски најдобар резултат до сега. Спротивно на ова, во периодот 2017-2020 година, во времето на СДСМ, резултатот е влошен за 21 место, за да се најдеме на срамното 111 место на листата, резервирано за високо корумпирани земји – рече Славески.

Како и обично, рече Славески, СДСМ причината за дебаклот на полето на спречување на корупцијата и овој пат ја бара во опозицијата и ја лоцира во некои наводни остатоци во сферата на судството.Можеби ќе ве интересира

– Владеењето на правото е важен елемент за имиџот на една земја на планот на корупцијата, но индексот за кој зборуваме се формира и врз основа на други показатели кои се темелат на анкетни истражувања со бизнисмени, домашни и странски, и релевантни експерти, од разни области за корупцијата во доменот на обезбедување лиценци и дозволи; корупција кај јавните набавки; во областа на образованието и здравството и сл. – појасни Славески.

Тој потсети дека бизнисмените редовно апелираат да се симант препреките во секојдневното работење, а се манифестираат како отворена или посуптилна корупција од страна на власта и нејзини претставници.

Славевски смета дека новиот закон за јавни набавки наместо да спречи помага корупција.

– Наместо да се унапреди контролата во јавните набавки се укина Советот за јавни набавки и во рамки на Бирото за јавни набавки се формира Управна контрола и наместо да профункционира како ефикасен антикорупциски механизам, таа постана само формална, селективна и нефункционална. Носителите на високи јавни функции не спроведуваат групни набавки за истородни стоки, услуги и работи преку рамковни спогодби. Кај нас и тоа се злоупотреби, како што беше пропаднатиот повеќемилионски тендер за набавка на реагенси, што значи дека само се потврди правилото колку се во прашање поголеми пари корупцијата е почеста и помасовна. Најверојатно ваквиот однос е и заради неефикасното, корумпирано и селективно обвинителство и судство. Практично во последно време предмет на гонење се само политички нарачани случаи, а не такви што се продукт на носителите на власта – рече Славески.

Според него, високото ниво на корупција не е погодно тло за поамбициозни реформи во образованието.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •