март 8, 2021

Протест од Чаир до ОЈО, откако Фатиме Фетаи побара најстрога казна за „Монструм“

Улиците од Чаир до Основното јавно обвинителство денеска во Скопје ќе бидат три часа затворени, откако обвинителката Фатиме Фетаи побара најстрога казна за обвинетите во завршните зборови за случајот „Монструм“.

Семејствата на обвинетите најавија протест во Скопје по она што беше кажано на последното судско рочиште.

Полицијата потврди дека протестот е закажан со почеток во 13,30 часот, кој ќе започне од парк Чаир со движење по улицата „Цветан Димов“, преку булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори Македонски“.

Дополнително уште еден собир ќе има и на плоштадот Скендер Бег, а СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Рутите ќе бидат затворени за сообраќај од 13,00 часот до завршување на протестот, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. 

„СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, се вели во соопштението на МВР.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •