март 2, 2021

Николовски: За 2 години застареле над 3.000 судски предмети

Вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски вели дека лошото рангирање на земјава на индексот на перцепција за корупција се должи на тоа што со децении работите не се менувани.

-Од 2018 година до 2020 година во државава имаме застарени 3292 предмети – кривични, граѓански, прекршочни. Ја добивме токму оваа официјална статистика која што го потврдува извештајот на Транспаренси дека токму нашиот пат во овој период не е од други области туку е во делот на судството и во делот на владеењето на правото –  вели Николовски за ТВ 21.

Тој истакнува дека ќе побараат официјално од судскиот совет детална анализа колкава штета имаат предизвикано предметите, кој се е инволвиран и зошто застареле.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •