март 8, 2021

ЛЕВИЦА ГО ОСПОРИ ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС ПРЕД УСТАВЕН СУД (ВИДЕО)

Политичката партија Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд на РМ со кој ја спори уставноста на донесениот и прогласен Закон за попис.

Сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое предвидува кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, како и членот 39 од Уставот кој вели дека должност на секој граѓанин е да го чува и унапредува како сопственото, така и здравјето на другите.

Дополнително, Законот за попис е во директна колизија со дури три специјални закони кои се однесуваат на Системот на кризен менаџмент кој е веќе покренат. Имено, до 30-ти јуни имаме прогласено КРИЗНА СОСТОЈБА и до овој датум не е возможно правно да се спроведе попис.

ЛевицаОдПарламент

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •