мај 19, 2021

КОИ СЕ НАЈБОГАТИТЕ ЕВРОПЕЈЦИ

Ви ги претставуваме најбогатите луѓе во некои од најголемите европски земји. Интересно е што тие се збогатија со производи што ги користиме и ние.

Најбогатиот Французин, исто така и најбогатиот Европеец. Неговото име е Бернард Арно. Неговото богатство е 112 милијарди долари и тој е четвртата најбогата личност во светот.

Тој е сопственик на компанијата ЛВМХ, која е најголемиот светски производител на луксузни стоки. Меѓу неговите брендови се Луј Витон, Булгари, Моет, Хенеси, Шампањ Дом Перињон, часовници TAG Heuer.

Најбогат Шпанец е Амансио Ортега, кој во моментов е 18-ти најбогат човек на светот со околу 63 милијарди долари. Тој е сопственик на компанијата Индитекс, која вклучува модни брендови како што се добро познатите Зара, Пул & Беар, Масимо Дути, Бершка, Страдивариус. 

Џовани Фереро, со скоро 34 милијарди долари, е најбогатиот Италијанец. Тој е сопственик на позната компанија позната по слатки производи, како што се Нутела, Рафаело, Фереро Рочер. Џовани го презеде управувањето со компанијата по смртта на неговиот брат во 2011 година.

Друго име што го знаеме е Дитер Шварц, кој е најбогатиот Германец. Тој е сопственик на трговскиот ланец Лидл. Неговото богатство се проценува на повеќе од 27 милијарди долари.

Најбогат Британец е Џејмс Дајсон со 26 милијарди долари. Тој е пронаоѓач, индустриски дизајнер, сопственик на земјиште и претприемач кој го основал Дајсон ДОО. Тој е познат како пронаоѓач на правосмукалката без торби Dual Cyclone, која работи на принципот на циклонско одвојување.

Дитрих Матешиц, ко-сопственик на Ред Бул, е најбогатиот Австриец. Тој е сопственик на 49 проценти од компанијата за енергетски пијалоци.

Најбогата Холанѓанка е Шарлин де Карвахoо, која е на чело на вториот по големина производител на пиво во светот, Хајнекен Интернешнл.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •