мај 8, 2021

Захариева: Не се раскинати врските меѓу Скопје и Белград

Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РМакедонија ги негира тврдењата дека се раскинати врските со Србија и Русија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РМакедонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија “, рече Захариева за БТВ.- Advertisement –

Според неа, ваквите постапки се доказ за приближувањето кон Србија.

Овој коментар на Захариева, како што пренесува БГНЕС, следува по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека наставата по српски јазик ќе биде вратена во основните училишта во РМакедонија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •