мај 16, 2021

Заев: Бојкот на пописот е лоша одлука, никој нема да сака да инвестира кај нас со тој потег!

Премиерот Зоран Заев на Координативна средба за успешно спроведување на претстојниот попис во Собранието, порача дека оваа статистичка операција е многу важна. Притоа, ја повика опозицијата да се вклучи, а не да го бојкотира пописот.

„Пред нас е најважната статистичка операција. Бојкотот е најлошата одлука, тој носи конфузија меѓу граѓаните и ништо добро и позитивно. Кому му одговара да имаме иднина врз погрешни податоци? Никој не сака таква земја за партнер. Ниту еден инвеститор нема да сака да инвестира кај нас. Ја повикувам опозицијата да се приклучи на оваа одговорна операција. Пописот не треба да даде само слика за етничката состојба во земјата. Сите да покажеме одговорно однесување“, порача Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •