мај 9, 2021

ДЕТАЛИ ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО АВСТРИЈА – повредени се шест лица, едно се води како исчезнато

Во експлозија што се случи утрово во зграда во Лангенцерсдорф, близу Виена, повредени се шест лица, а едно се води како исчезнато.

Портпаролот на противпожарната служба Франц Респергер изјави дека се стравува дека исчезнато лице се наоѓа под урнатиот дел од зградата.

Што се однесува до повредените, пет лица се здобиле со полесни повреди, а едно со потешки.

Властите во моментов ги испитуваат причините за експлозијата, што доведе до уривање на два ката од зградата.

Кога пожарникарите пристигнале на местото на експлозијата, зградата горела, а гаснењето на пожарот траело неколку часа.

По анализата, експерти за статика рекоа дека постои опасност од уривање на друг дел од зградата, поради што пожарникарите дејствуваат многу претпазливо и полека се движат во потрага по можни жртви.

Се трага по исчезнатото лице, бидејќи, во моментот на експлозијата, тој бил на местото на експлозијата, како што покажуваат податоците од неговиот мобилен телефон. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •