јуни 22, 2021

ВИДЕО | Шилегов контра Трајановски: Не сум наследил полна каса ниту готови проекти, ги покривавме расходи на претходната власт

Откако претходниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски неколкупати побара одговорност од актуелниот Петре Шилегов за неуспешната реализација на ветените проекти, како и за празнењето на градската каса, Шилегов остро ги демантираше обвинувањата дека работи неодговорно и на штета на граѓаните.

– Не сум наследил готови проекти, туку нацрт проекти, има голема разлика. Нацрт проектот на Коце не ми се допаѓаше но не поради суета, едноставно сметав дека Скопје не треба да има забавен парк налик на панаѓур. Сакам скопјани да уживаат во забавен парк кој ќе потсетува на Дизниленд и од таа причина, одлучивме да направиме комплетно нов проект. Што се однесува на тоа дека градската каса сме ја задолжиле, можам само да кажам дека на сметката на градот имаше околу 800 милиони денари, но исто така имаше обврски за две милијарди и осумстотини милиони денари. Тоа е се освен полна каса. Во овој момент има околу 650 милиони денари, а обврските се околу 2.2. милијарди денари, вели Петре Шилегов.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •