март 4, 2021

Протест против изградба на мини хидроцентрала во пробиштипското село Турско Рудари

Жителите на пробиштипското село Турско Рудари попладнево излегоа на протест и го блокираат локалниот пат, кој води до местото каде ќе се гради мини хидроцентралата над нивното село.

Претседателот на месната заедница, Љупчо Стојанов вели дека протестот бил мирен и целта е да го изразат своето незадоволство, бидејќи сметаат дека со изградбата и ставање на реката во цевковод ќе се уништи вегетацијата, живот свет, но и околу пет хекатри плодно земјоделско земјиште ќе остане без наводнување. На дел од потегот каде ќе се гради мини хидроцентралата поминува и нивниот водовод.

Јаким Јовановски, жител на селото Турско Рудари, вели дека овој водовод самите го граделе и инвестирале во него.

Стравуваат дека и ќе останат без вода за пиење, во водоводот инвестирале самите.

Градоначалникот, Драган Анастасов вели дека компанијата ДИС енергија ДОО концесијата ја има добиено во 2016 година, а целата постапка околу документацијата им е завршена, сега им недостасува градежната дозвола од општината. Според целата постапка, тие како општина смета дека се ставени пред свршен чин за издавање на градежна дозвола.

Претставниците од компанијата ДИС енергија на вчерашната средба со жителите на Турско Рудари им ветија дека ќе се почитуваат сите законски одредби и нема ништо да им биде загрозено.

Истата компанија стои и зад хидоцентралата на Мала река кај езерто Гратче. Невладините организирани во Одбор за здрав живот во Кочани веќе почнаа со иницијативата да се спречи изградбата на оваа хидроцентрала. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •