април 14, 2021

Оштетени штедачи од Еуростандард: Зошто гувернерката Бежоска дава лажни изјави во јавноста?

За ова здружение нема никакви сомневања дека Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски се тројцата првотимци од ограбената Еуростандард банка кои свесно ја иницирале, организирале и спровеле масовната кражба на нивните депозити и средства на тековни сметки во банката.

„Нивните потписи, колективни или индивидуални, се наоѓаат на документите со коишто ги одобриле ненаплатливите кредити на стотици избрани фирми во десетици милиони евра со однапред направен план за да истите не се вратат.

Гувернерката Бежоска тврди дека изрекла поголем број мерки кон раководството на Еуростандард банка. И толку. Нејзината работа завршила. Свесно, ги оставила да крадат. Со секоја изречена мерка се толерирал претходниот грабеж преку делени неповратни кредити и перење пари, за да и понатаму продолжи. 60 милиони евра не се крадат преку ноќ. Грабежот траел со години. Што правела гувернерката Бежоска!? Гледала и ја аминувала кражбата, дозволила да се случи и да прерасне во масовна операција без контрола и ограничување.

Зошто гувернерката Бежоска не ги спречила и не ги одземала лиценците на оние кои ги краделе депозитите во банката, добро познати во јавноста? Зошто гувернерката Бежоска не вовела административна управа уште пред неколку години кога нашите депозити можеле да се спасат и состојбата да се санира? Ниту ги одземала лиценците ниту вовела административна управа, туку оставила банката да се опустоши до каде се можело, за да на крајот директно ја затвори. Неизвршување на својата службена должност е злоупотреба и кривично дело казниво со закон.

Не беше доволно што не го спречила криминалот на време, туку продолжи јавно и да не лаже со своите изјави и уверувања дека нашите депозити се безбедни и сигурни. Тоа гувернерката Бежоска го направи свесно само на неполн месец пред да ја донесе одлуката за затворање на Еуростандард банка. Не донесе во заблуда со лажно прикажување и со прикривање на факти. Не измами. Тоа е уште едно кривично дело.

Секој еден ден останување на гувернерката Бежоска да ја раководи Народна банка е пропаст, голема загуба и ризик за сите останати наши сограѓани кои имаат депозити во банки. Личност со проблематичен професионален и морален кредибилитет, некој кој лаже и мами не може и не смее да биде гувернер на Народна банка. Гувернерката Бежоска е интегрален дел од организираниот криминал спроведуван заедно со лицата на раководни позиции во Еуростандард банка. Мотивите за да тоа го прави и се добро познати, а исходот од таа операција го знаеме денес. Не соголија. Ни ја уништија сегашноста и иднината. Нашите семејства страадат. Тоа директно го чувствуваме на наша кожа. Здравјето ни се наруши. Не оставија без нашиот личен имот во сред пандемија. Системот на организиран криминал не однесе во пропаст и немаме што повеќе да изгубиме.

Гувернерката Бежоска треба да знае дека состојбата врие во редовите на оштетените. Се разбира, тоа се однесува и на првотимците кои го спроведоа овој масовен грабеж во пропаднатата банка предводени од Трифун Костовски. Кражба, игнорирање и толерирање на организиран криминал нема да помине. Агонијата мора да престане. Сега или малку подоцна, одговорност мора да има и парите мора да ни се вратат. Уверени сме дека сепак гувернерката Бежоска и првотимците од ограбената банка не сакаат да гледаат како нашите семејства страдаат и веќе забрзано работат да ни ги вратат парите во целост. Тоа е за доброто на сите нас и нашите семејства“, се вели во соопштението на Оштетени штедачи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •