март 2, 2021

Маричиќ: „Рекет“ заврши за неколку месеци, а предметите на СЈО од пред четири години се на почеток

„Како можеше судскиот случај „Рекет“ да се заврши за неколку месеци, а предмети на СЈО отворени пред четири – пет години се уште немаат пресуда, а некои од нив дури и не започнуваат, трети застаруваат“- праша министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма и појасни дека владата како извршен орган не смее да има надлежности, ниту пак има во однос на судските постапки и судските одлуки и дека тие единствено зависат од ефикасноста и независноста на правосудството.

„Не може Владата да носи пресуда, тоа не е обврска на Владата, си има првостепена пресуда од Основен суд за одреден случај, има Апелационен суд, има Врховен суд, не може ние во владата да сме виновни зошто некоја одредена казна е мала или голема, или зошто застариле предмети. Тоа е обврска на други органи.“- рече Маричиќ.

Во контекст на ова дополни дека вината за застарување на одреден предмет не само кај судиите, оти врз судството има секакви влијанија.

„Во судството нема само партиски влијанија, има и бизнис, има и лични на поединци, има секакви интереси и притисоци. Затоа и преземаме постапки за вреднување на судиите и нивното тработење за да можеме да ги надминеме ваквите состојби“- изјави министерот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •