мај 16, 2021

Кривична за охриѓанец кој пишувал недолични коментари на Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.З.(38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Како што информира денеска МВР, тој на 25 јануари на социјалната мрежа „Фејсбук”, од својот профил напишал недоличен и навредлив коментар со кој поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон група граѓани.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •