јуни 22, 2021

Костадинов: Режимските инсталации се во сите нивоа од правосудниот систем

Сведоци сме сите дека 11 години корупцијата навлезе насекаде на нашето општество, граѓаните очекуваат силна борба против корупцијата и секако очекуваат судски разрешници, но сведоци сме за режимските инсталации во сите нивоа од правосудниот систем, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, откако на рангирањето за Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година на „Транспаренси интернешнл“земјава се најде на 111-тото место заедно со БиХ, Монголија и Панама, што е најлошо рангирање од 2001 година.

-Точно е граѓаните имаат лоша перцепција кога гледаат дека најголемата опозициска партија го опструираше носењето на законот за јавното обвинителство. Кога гледаа граѓаните како се бореше ВМРО-ДПМНЕ во однос на заштитата криминалците во нивната партија и токму поради овие причини борбата против корупцијата во акција 21 планот е ставен многу високо во агендата. За спроведување и конечната борба против корупцијата особено ни е важно чисто и професионално судство и обвинителство, најавивме прочистување на судството тоа и се случува – рече Костадинов.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •