март 4, 2021

Корупцијата владее, законите се само за оние кои не можат да платат да се над нив

Македонија со историски најлош индекс на корупција.

Корупцијата е можеби најголем проблем во ова општество.
Корупцијата може да ти купи слобода ако си криминалец, само треба да имаш и да знаеш каде.


Корупцијата го уништува здравството со плачење преку ред, посебни третмани, купување здравје на товар на оние шо немаат да платат. Корупцијата и буквално убива.
Корупцијата го гризе образованието, неспособни стигнаа до доктори на науки, правници, доктори само затоа што можат да платат, утре ќе дојде нивното време и владеење и таа неспособност ќе ја плаќаме сите.


Корупцијата може да ти купи работно место, независно од квалификации, искуство, дипломи. Можеш да бидеш шо сакаш ако платиш. Плаќаат и се што сакаат.


Корупцијата преку ноќ им зголемува богатство преку местени тендери на сметка на тие шо работат чесно и не можат да добијат ништо.
Корупцијата може парк да пренамени во место со градежна маркица за зграда и да го купиш по евро квадрат во Скопје, Битола само треба на градоначалникот да ку дадеш стан или два. После нема воздух, е нема.


Корупцијата може да ти дозволи да внесуваш паралелно лекови и да се богатиш на смртта на други. Без да бидеш казнет.

Корупцијата владее, законите се само за оние кои не можат да платат да се над нив.

Автор: Божидар Божиновски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •