мај 15, 2021

Заев: Членство во ЕУ која не ни признава јазик и идентитет не ни треба

За македонскиот идентитет и јазик ниту се разговарало и преговарало ниту ќе се разговара и преговара, може да добиеме уште 100 ултиматуми и уште 10 пати вето, на овие прашања нема да разговараме, порача премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања. Тој истакна дека очекува од Бугарија чисто признавање на македонскиот идентитет и јазик.

– Тврдиме дека членство во ЕУ која не ни признава и прифаќа македонски јазик и идентитет не ни треба. Не веруваме ние во таква ЕУ – нагласи Заев, додавајќи дека со бугарската страна креираат идеи да најдат решение.

На прашањето зошто го смениле Александар Литовски од историската комисија, Заев рече дека тој не бил сменет, туку му завршил договорот.

– Влијание врз комисијата, тврдам, ниту имало, ниту ќе има и не смее да има затоа што таа Комисија е составена од професионалци, ние политичарите не сме и затоа нашиот став е исотријата да ја оставиме на историчарите. Ги охрабруваме да продолжат да решаваат – рече Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •