март 4, 2021

Во 2020 македонско државјанство добиле убедливо најмногу апликанти Албанци

Во 2020 година убедливо најмногу апликанти Албанци се стекнале со македонско државјанство, според податоците на Министерството за внатрешни работи.

Минатата година 859 Албанци добиле позитивен одговор, а само 150 Македонци. Во последните четири години добиени се 2.671 државјанство преку барање, објави ТВ21.

Претходно бројот на Албанци кои станале македонски граѓани бил 527,546 и 439 во 2017, 2018 и 2019, додека бројот на Македонците хронолошки е 87, 63 и само тројца во 2019.

Во моментов вкупно 2.674 граѓани чекаат да добијат државјанство на Република Македонија, а  1800 од овие апликации се во Националната агенција за безбедност, потврди Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи за ТВ21.

Според Буши, не може се да пројде од предлог-законот за државјанства кој е поднесен на разгледување од албанските опозициски партии, 

 „Имаме предлог, на пример, каде тие бараат повлекување на Агенцијата за национална безбедност, што е малку бесмислено бидејќи во сите земји, каде и да е во светот, Агенцијата за национална безбедност треба да биде клучна за доделување државјанство“, вели Буши.

Нацрт-законот останува во собраниска процедура, но Владата подготвува нов текст.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •