март 5, 2021

Шекеринска: За секоја година работа во Армијата, војниците со 45 г. ќе добиваат по 1.000 евра

Оние припадници на Армијата чиј ангажман завршува со навршени 45 години, а притоа не сакаат вработување во некоја друга државна институција, ќе можат да добијат загарантирани 1.000 евра за секоја година од годините кои ги минале во служба на Армијата.

Оваа информација денес ја соопшти министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која претходно оствари средба со Синдикатот на одбраната, каде ги информирала членовите за овој предлог на Владата.

Шекеринска потенцираше дека оние војници кои работеле 15 години во Армијата ќе добијат 15.000 евра,  додека пак оние кои се со 26 години , ќе можат да добијат 26.000 евра.

Инаку, Синдикатот даде целосна поддршка за предлогот на Министерството и порача да се имплементира во најкус можен рок овој предлог.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •