мај 19, 2021

Нови моменти во Таргет – Тврдина: Израелци скенирале и констатирале дека некој трет незаконски прислушува

На вчерашното рочиште за „Таргет тврдина“, екс обвинителите на СЈО, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска, презентираа извештај од израелска фирма. 

Извештајот покажува дека на 1 октомври 2014 годин е доставено барање до „Реизон” за испитување на незаконски системи за пресретнување на електронски комуникации на територијата на Скопје и на целата држава.

Два месеци од  израелските експерти од „Реизон” е поставена специјализирана опрема и до крај на ноември, било вршено скенирање на терен. Израелците го поставиле системот „Ароу селл” на 01.10, а бил отстранет 27.11.2014 година. Според наводите во извештајот, бил користен уникатен детекторски алгоритам, кој укажувал дали алтернативен лажен оператор заменил некоја постоечка оперативна келија, дали преку тој клон била пресретнувана комуникација. За целиот период на скенирањето е забележана 100% незаконска активност на системот за пресретнување преку ГСМ.

Од 28.10 до 21.11. со точни часови и локација, израелските експерти навеле места во близина на МВР, парламентот, Британската амбасада.

Јавниот обвинител посочи дека Израелците навеле незаконска активност на 28.10 во 15:40 преку базната станица 15. После 35 минути, истиот ден ја навеле и базната станица 666. Истата таа базна станица на 29.10. предавала и друга листа на „соседи”.

После приказот, во извештајот е наведено дека додека работел активен систем, експертите оствариле повик што предизвикал моментално исклучување од операторот што, според нив  било јасен знак дека има незаконска активност за ГСМ пресретнување.

Прикажана е локација каде е детектиран незаконски активен систем, а Израелците навеле дека по нивното пристигнување во областа на активност, системот е исклучен.

Израелците тогаш препорачале инсталација на офанзивни и дефанзивни системи за заштита.

Во резимето на извештајот се нотира дека има најмалку еден незаконски систем, управуван од добро обучени професионалци.

Како што претходно беше обелоденето, во земјава биле прислушкувани 20.000 граѓани. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •