април 14, 2021

Меѓународен ден за сеќавање на жртвите од холокаустот

Холокаустот никогаш да не се повтори- ова е пораката која ја упатија припадниците на еврејската заедница, политичари и амбасадори, во чест на 6 милиони убиени Евреи во Втората светска војна, од кои 7144 биле од Македонија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека холокаустот е трагедија која не смее да се заборави.

Германската амбасадорка Анке  Холштајн истака дека холокаустот е историска одговорност која ја носат сите Германци. Жали што и по толку години антисемитизмот се уште не е искоренет.

Годинава поради ковид пандемијата, комеморацијата се оддржа преку видео врска, а учесниците со едноминутно молчење им одадоа почит на жртвите. Денес е меѓународен ден на сеќавање на жртвите на холокасустот, денот кога всушност во 1945 година е ослободен концентрациониот логор Аушвиц од страна на советските војници.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •