февруари 28, 2021

Груби од денешната владина седница: Одобрена изградбата на три автопати

Првиот вицепремиер Артан груби информира дека на денешната 41 седница на Владата била одобрена годинешната програма за работа на ЈП „Државни патишта“ според која во 2021 започнуваат со изградба три автопати од Коридорот 8. Станува збор за автопатите од Кичево до Гостивар, од Гостивар до Tетово кој треба да биде проширен на три ленти и делницата Требениште – Струга – Ќафасан, односно до македонско-албанската граница, со кој ќе треба да биде комплетиранано поврзувањето на коридорот.„КОРИДОРОТ 8 се реализира. Владата ја одобри програмата на претпријатието за патишта, која, меѓу другото ги опфаќа и патните правци (автопати):Ќафасан – Струга – Требениште, Гостивар – Кичево,Тетово – Гостивар.Коридорот 8 се комплетира, ВЕТУВАЊАТА СЕ ИСПОЛНУВААТ“, напиша Груби на Фејсбук.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •